едноставен (прил.) - ги (зам.)

Тој и не ги креираше сликите што ги користише, едноставно ги наоѓаше, ready-made, целите обвиткани во својата светли­кава аура што ги правеше незапирливо привлечни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Само имиња како што се Норман Роквел и Ендрју Вајат можат да обезбедат некаква конкуренција, додека на интернационалната сцена неговата аура наоѓа достоен ривал во Салвадор Дали.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гламурот и начинот на кој тој се создава беше постојан предмет на неговото внимание.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Другите, едноставно ги прецртуваа моите дрсканици.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Забелешките што беа упатени кон Томо, тој едноставно ги игнорираше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите овие сомнежи и загатки едноставно ги складираше во својата потсвест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа открива дека може да се претвори во мачка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој едноставно ги раширува крилјата на својот дух и лета во правецот што му го црта низ воздухот неговата желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Медиумите едноставно ги немаа погледнато фактите“, коментира Сандерс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
До тогаш веќе станала акутна потребата за коректив на погрешната претстава што за дрогата ја создадоа меинстрим медиумите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во секој случај, акултурацијата се однесува на рутински процес на социјализација што се одвива идентично или речиси идентично во целата конкретна група или во целата конкретна популација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да му се спротивстави на тој притисок, Јошино сака да ни обрне внимание на „мрачната страна на асимилацијата“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како јазикот, кој служи како пример за другите процеси на акултурација, тие обрасци на мислење и на однесување им се втиснуваат на децата уште од раната возраст, било кога намерно се подучуваат на нив, било кога децата едноставно ги впиваат од своите одгледувачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-луѓето сега можат да си излезат од плакарот, но во светот ќе напредуваат само ако се погрижат тие нивни нестандардни идентитети да не ѝ се натураат премногу живописно на совеста на стрејт-луѓето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, за културата обично се претпоставува дека се состои од разни произволни, но системски обрасци на мислење и на однесување кои се длабоко врежани во перцепцијата и во навиките на оние што им припаѓаат на конкретните групи на човечко живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Реториката на Томасини едноставно ги преотсликува и ги открива сегашните услови под кои геј-луѓето по правило се примаат во јавната сфера – а особено во официјалниот дискурс на вестите: околу нашата различност од нормалниот свет се прави чалам, но од неа и се мијат раце.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, не би се ни нафатил да му ја кажам на Кевин Авијанс – сјајниот афроамерикански изведувач кој во 2000 г. и во 2001 г. одржа две работилници на мојот предмет „Како да се биде геј“ – иако во 2006 г. веќе не беше во своите дваесетти години кога пред еден геј-бар во Ист Вилиџ му ја скршија вилицата пет-шестмина типови што го нападнаа урлајќи антигеј-навреди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јазикот е само еден пример, иако повластен, за она што ја дефинира културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тврди дека кога жените и малцинствата одбранбено си ги смекнуваат различностите, подлегнуваат пред „покривателните барања“ што едноставно ги одразуваат постојните стварности на расизмот, на сексизмот и на хомофобијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој интервал, кога се зачестија бомбардирањата врз градот, нив едноставно ги распуштија пред да заврши училишната година и ги ослободија од посетување часови и полагање испити.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За да се ослободи од нив, од сликата за нив, барем во својата свест, тој едноставно ги игнорираше - тие како да не постоеја за него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓутоа, оваа проценка е само претпоставка, бидејќи државите го задржуваат ексклузивното право да доделуваат и признаваат државјанство, и затоа што многу влади не сакаат да се категоризираат одредени групи на луѓе како формално без државјанство, туку наместо тоа едноставно ги нарекуваат како „странци“ па дури и како „не-граѓани“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)