едноставен (прил.) - сака (гл.)

Дали никој од оштетените луѓе не беше слушнал за формален документ или едноставно сакаа да ги инвестираат емоциите во нов Тито, наместо во своите потомци кои набрзо стануваа огромен товар, беше бизарно да се размислува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Значи, едноставно сакал да ме едуцира, култивира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Енди едноставно сака луѓето да се судруваат и да стануваат љубоморни едни на други, а тогаш тој ги тера да трачарат за спротивната страна“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еднаш ми рече: кога си човек-на-човек со Енди, сѐ е во ред, но кога си во група, Енди веднаш прави натпревар помеѓу луѓето, а тогаш тој ќе се извлече од тоа и ќе почне да набљудува што се случува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- „Така си е тоа. Вие сте како и сите ние. Кога ќе помислам дека глупаците тврдат оти на нашево време му недостасува поезија – небаре тоа нема свои надреалисти, свои пророци, свои филмски ѕвезди и диктатори!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кој знае зошто, едноставно сакам симболично да ги прикажувам мислите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Навистина“, реков, оставајќи темата да се исцрпи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Толку многу стари Србинки ми беа раскажувале за Скадарската кула, што едноставно сакав да го видам нејзиниот излижан камен и да се уверам дали тука постои, како што се раскажува, млечна белузлава трага...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)