едно (прил.) - исто (прил.)

Секој си ја следи страсно сопствената смрт. Страста и стравот од смртта се едно исто.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ама, патем, само едно исто ми се одѕива во ушите: „ние пак ќе те побараме, ние пак ќе те викнеме“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Та, нели индиго бојата донесена од пазарот за мирудии во Гоа е длабока колку дното на Индискиот Океан, или далечна колку врвовите на Хималаи, а тоа е едно исто?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Наоколу звучниците повторуваа од покривите сѐ едно исто: Мракот и сенките денот го сменија, ова е миг на алчната Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
ИДЕИТЕ НА АДА - Лето во Скопје, тоа ти е како зима во Гоби.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Која е таа Мортенија? – го прашав човекот што потрча крај мене. Не ме ни погледна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој го повторува тоа секој ден. Сѐ едно исто - или нешто слично.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ едно исто во различното! Сѐ едно цело расчестено! Злодобар Дух, првотен Бог!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)