едно (прил.) - време (имн.)

Едно време се кажа ״ јуриш“ и откако се изврши првиот пробив, артилеријата два дена и две ноќи само бувта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И едно време, еве го, ги отвора очите: - Го видов Мирчета, брат ми, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едно време Симон дојде. Во раката држеше едно канче.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Едно време грофнува топот. Кога им се намести убаво, му ја пуштија гранатата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едно време Витомир толку многу зина што сето јајце му се загуби во устата. За малку одново да се задави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓу два огна се грејат. Едно време се поткрева Илија и вика по бугарските војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лежеше мирно и неподвижно и едно време на Мечета му се стори дека заспал.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)