еднаш (прил.) - некаде (прил.)

Никако не разбирам зошто не тргнува порано, без разлика каде се упатила, за да стигне барем еднаш некаде на време.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Наоколу само ликови, сенки, зборови... итаат секаде а јас само таму некаде... каде се спојуваат бесконечноста и мигот... каде сенките се сенки и во ноќта... во одаите на скриените спомени во ходниците на копнежите... таму и она ништо е сѐ... а тоа сѐ е она што ти дава сила... за денот, за ноќта, сонот, за некаде каде никогаш не ќе појдеш, каде еднаш некаде... Едноставно, а незаборавно...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Го удри еднаш некаде по главата со раката замавта одопаку, го пречека на другата страна, Мирче падна на земја, а Луман тогаш, во мракот, не гледајќи каде и како, му зареди удари со нозе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)