еднаш (прил.) - дневно (прил.)

Ангел-џин, сенката негова покривала половина море со главурдести риби во чие грло можело да легне манастирско кубе!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во меѓувреме, додека попот одел од куќа до куќа и со зборови од неколку јазици им ги раскажувал големите чудесии од кои крвта се замрзнувала в жили, се прочуло дека Фиданка Кукникова сака да се омажи за крестокосиот Доце Срменков и дека ќе стане мајка на неговите деца, едното веќе со воздишки по нејзината убавина, доколку тој пристане да го земе во новата куќа и свекор ѝ, земјолик човек што се хранел еднаш дневно со печен компир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гоше еднаш дневно онанираше во кругот на Прифатниот центар за странци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Катранот е малку понастрана. Нè глумнуваат во вриежот еднаш дневно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)