еднаш (прил.) - годишно (прил.)

Обновувањето ќе биде формалност еднаш годишно, како што е обновувањето на книшката за снабдување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше ретка можност за сите, еднаш годишно, не само да наздравуваат со неа, ами и да ја бакнат во образите и да ѝ го видат лицето насмевнато и расположено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Зимата е заговор на непријателите на бездомните кучиња и птиците, еднаш годишно да спроведат чистка и со студени оружја да им ги проретчат редовите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Барем еднаш годишно ја вадам оттаму и си ги потпевнувам текстовите од задната страна на обвивката.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Панаѓурот на манастирот Свети Ѓоргија - Горг се одржуваше еднаш годишно во градот, прикрај ноември, и траеше осум дена.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Наместо да си по цел ден со тој што го сакаш, само еднаш годишно да можеш да го видиш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За да ме утеши, таа ми раскажува за нејзиното пријателство со тетка Жана од Белград.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
а. Ако децата ти се постари од дванаес или помали од три години или пак немаш деца, еднаш годишно ќе бидеш удостоен со гифт–карта.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Со оваа измена дојде до отстранување на обврската договорот за вработување (заедно со останатата потребна документација) на лицето кое се пријавува да биде даден на увид на службеникот во Агенцијата, со што евентуалните прекршувања на законот во поглед на елементите, правата и обврските на работникот и работодавачот кои би морале да бидат јасно утврдени во договорот за вработување се остава само на Инспекторатот за труд, кој пак согласно своите овластувања врши редовен инспекциски надзор еднаш годишно, но само во одредени стопански гранки, додека пак во останатите, тоа го прави еднаш на секои 3 години, период кој е предолг за работникот да трпи последици од договорот кој не е склучен согласно законот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Според измените, доброволната писмена изјава се поднесува еднаш годишно, најдоцна до 31 август (по стекнат стаж од 64 години за мажи, односно 20 Согласно одредбите од Уставот на РМ (1991), Законот за спречување и заштита од дискриминација (2010) и Законот за еднакви можности на жените и мажите (2012) забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот и социјалната сигурност и секоја директна или индиректна дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Може да се повика еднаш годишно, на 5 септември, и може да исполни само неколку пеколни желби.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За среќа, во таа ламба живее најглупавиот дух на светот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најупорните или најгладните од дружината испекле нешто малку месо, изеле колку што можеле со последни сили опирајќи му се на сонот, она што останало го оставиле на двоколка за заспаните. Потоа со слатка ситост заспале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во секој случај, сфаќав дека сè што знам за човештвото е семејството, неколку улици, училиштето, црквата, неколку музичари, строго цензурираната музика, неколку книги, радиото, железничкото купе еднаш годишно, морето и неколку патишта и места во Шкотска.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За сè останато бев тотален незнајко.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Имено, додека ЗИТ (1985) предвидуваше инспекцијата да се врши најмалку еднаш годишно кај сите организации и работодавци (чл. 10), во 1997 година е прецизирано дека овој рок се однесува на работодавците во областа на индустријата, трговијата, градежништвото, земјоделството, шумарството, сообраќајот, комуналните дејности, занаетчиството, угостителството и во училишните и факултетските работилници и лаборатории за практична настава.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Порано барем еднаш годишно будалата за себе знаеше дека е будала, сега никако.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Најпаметен од сите за мене е оној кој барем еднаш во месецот себеси будала ќе се нарече - способност, денес нечуена!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)