еднаш (прил.) - низ (предл.)

Месечината ѕирна уште еднаш низ прозорот, еден весел зрак се доближи до увото на Снежана, нешто ѝ прошепна во сонот и си отиде...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сиот во клопче со стиснати раце меѓу нозе и со коленици до самата брада, Антун Крстин ги слуша погодувањата и гледа околу себе лилави и модри и жолти и суринедовршени лица и се брани неподвижен, со некој внатрешен отпор, од мириси што минале еднаш низ куќата и сега се враќаат да го задушат, да го покријат, да го одделат од маката да истаржува тајни на едно минато.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ќе се гледа“, шепна, си го потпре челото на левата рака, погледна уште еднаш низ прозорецот и од цртката повлече друга, од неа трета и започна да пишува…
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Па сепак..! Се сети како шеташе еднаш низ една улица полна со народ, кога ужасна викотница од стотици грла - женски грла - експлодира од една попречна улица малку подолу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)