еднаш (прил.) - им (зам.)

Знаеш што еднаш им кажав?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А Американците се сторија три да му судат на хакерот од Лондон Кој еднаш им беше напишал во компјутерскиот систем Дека американската надворешна политика Е слична на државно спонзорираниот тероризам Многу му беа бесни Американците на хакерот од Лондон Оти знаеја дека тој повеќе ги изрезили Од пијаните офицери кои некогаш ќе задоцнеа со симнувањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Ние коалите слатко си се потсмевнувавме Оти на дело се покажа пред очите на цел свет Дека ако сме дембели не сме барем мочковци и серковци И дека тие работи си ги вршиме на раат Откако ќе сониме дека сме качени многу високо на дрвото Или ќе се видиме во огледало со венец на глава А што е најважно кога одиме по нужда Со саати читаме стари весници и секси ревии.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Уште еднаш им викнав: Џуно, Бико, дојдете кај мама! и потоа слушнав како стропаа синџирите и во голем трк воловите им избегаа на Турците и се загубија во темнината, а тие останаа да пцујат по турски.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го сакаа и затоа што за време на тешките маршеви тој се наоѓаше секогаш до нив и одеше пеш, лично ја проверуваше преодноста на патот, прв загазуваше во студената вода и секогаш ги бодреше мародерите, а на оние на кои им беше најтешко, не еднаш им го даваше коњот за да го товарат оружјето и тешките ранци наполнети со фишеци и рачни гранати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Немој да се лутиш, но им реков дека на едно далечно место живее една девојка што се вика Бреза и дека освен неа мене никоја друга за сега не ме интересира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)