еднаш (прил.) - праша (гл.)

Стоеја потпрени еден на друг и се срамеа. „Остави го, Мироне“ , рекоа. „Тој е сакат.“ Во очите им лежеше лилава меланхолија и молеше - остави го Мироне, а тој, насилник со жед на сувите усни, уште еднаш праша со закана крстосувајќи ги рацете на гради: „Што сакаш ти?“ На ниското чело можеше да му се прочита дека знае да биде до крај безмилосен кон противниците.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, тупаницата на отец Стефан Писмородецот биеше безмилосно ако јас читав со поинакви очи од неговите; еднаш прашав дали можеби Јов греши затоа што е безгрешен, и дали можеби Бог во таа книга е премногу суров, оти иако му ги враќа имотот и добитокот, и децата што претходно по ѓаволов наговор му ги зел – тоа не е истиот имот, не е истиот добиток, и што е најскрбно и за мене најнесфатливо – тоа не се истите чеда што му ги зел; прашав и добив тупаница не по крстот, ами по носот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)