еднаш (прил.) - вели (гл.)

- Ама еднаш вели Мисајлејца, еднаш како да сум терала говеда на Пржница. Кај говедарникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
27. Покојниот А. Ростковски не еднаш велеше: “Бугарите мислат оти само тие имаат ум на светов, а сите други се будали.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А во селото и околината луѓето не еднаш велеа: - Кога запева Фимка, сонцето некако појасно и потопло свети, појот нејзин ја грее душата, ја смирува лутината, аргатската мака ја олеснува, ги полни срцата со некакво таинствено блаженство и замајување, маѓепсува, скротува, смирува, зближува, воздигнува и возвишува, а чучулигите губат лет во висина и славеите замолкнуваат, слушаат и љубоморат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакам да затворам некого - еднаш велам и раз!... Не ќе слу-у-ша?!...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Прстот кој од забава понекогаш му го ставаше во устата а тој со сласт длабоко го вшмукуваше, еднаш велејќи дека има вкус на толчено морско оревче, друг пат на киви, сега му предизвика мачнина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)