едвај (прил.) - чујно (прил.)

Затоа, додека јас умирам, подобро е да си далеку од мене како едвај чујно ехо на љубовта за која требаше да се живее.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Круме не криеше дека госпоѓа Мариела е негова братучетка, а во доверба, уште на почетокот, претставувајќи ми ја, едвај чујно додаде: „Потребна ми е за увид на односите и распоредот на силите внатре, меѓу вработените.“ И толку.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- што почнуваше да го мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното) дента мобилниот на Круме Волнаровски беше недостапен и немав никаков пристап до информација и тоа почнуваше да ме мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното (ми беше качена на начин кој овозможуваше да ѝ влезе сè што можеше да ѝ влезе; мислев дека устинките никогаш не ѝ биле толку отворени, се лизгаа лево и десно, ме допираа по ципите, ми ја влажнеа волната и ми ја подлапнуваа, ми ја шмукаа или така ми се чинеше, особено кога почна бавно да се крева со задникот нагоре и да се спушта на мене стегајќи ме меѓу бутовите, постепено забрзувајќи го ритамот, нанесувајќи ми тапа болка на јајцата) ние знаевме само толку дека Илона веќе беше далеку од нас, нејзината трага се покриваше и таа започнуваше нов живот за што Ема не сакаше многу да зборува, нејзиниот живот е нејзин, велеше, како и мојов што е мој, ѓаволу мој, ми рече Ема утрото кога во мојот кабинет ја спомнав Чехињата (ги крена рамениците како да сакаше да каже дека за ништо не е виновна но не кажа, тоа собирање на рамениците беше грч пред ослободување, тоа беше начин да се мобилизира, да се собере целата во себе пред конечното испразнување и така се случи како и секогаш: списка, свика нешто неразбирливо и продолжително, да, тоа беше крик кој доаѓаше од длабочината на нејзините гради, и откако во одгласот тој се стиши во едвај чујно ајјјоооххх … иииооојјј и откако со усните ме побара под себе и ми стави заби на рамото, омекна, се распекмези, се распосла над мене, лесно ме покри со телото облеано во пот и ме заведе во блага дремка) Но таа ноќ не беше за спиење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Круме никогаш не ги коментираше овие работи, но една дождлива вечер, кога се враќавме од Прифатниот центар со папка материјали што ни ја подготви Илона, застана со волвото на една лединка крај патот, го изгасна моторот, ја стави главата на воланот, и за себе, едвај чујно изусти: “Ние не сме веќе иследители.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Круме Волнаровски е во затвор, можеш ли да сфатиш?!“ ме праша Ема како да се прашува себеси.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се обиде да му рече, едвај чујно: „Едно видување може да значи многу, обиди се, твоите се тука некаде,“ на што Круме Волнаровски дискретно одмавна со раката, давајќи и знак дека за тоа овде не смеат да зборуваат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По малку, сосема тивко, како да вардеше да не разбуди некого, Претседателот го затинаше со некаков партал скршеното окно и едвај чујно шепотеше нешто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш, заедно со испокинатиот писок на дивината во ветривата ноќ, ситен во сето тоа рикање на југовината низ Белата Долина, тој успеа да ја дослушне и онаа тенка свирка на водената шурка, што беше потекла низ сифонот, долу, каде што беше машинеријата на неговата бичкија; беше тоа едвај чујно пиштење на металното копанче на турбината; знаеше дека сè уште му е рано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа едвај чујно, со ненадејно пресушените усни, седумпати ја промрморува пасхалната желба „Leshana Haba‘a Bi‘rushalayim!“ 3 со која си посакува (и) следната година да оди во Ерусалим, точно во моментот кога стјуардесата поминува со тесната количка низ коридорот на авионот со задреманите патници, нудејќи им го на будните вториот окрепнувачки пијалак, но брзо го одминува белобрадиот рабин кој мрмори со усните помислувајќи дека тој се моли.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во едно од неделните пладниња, откако ги ислушав зборовите на Зигмунд, измешани со тупотењето на моето срце, чувствував како дишам сѐ побавно, како очите ми се склопуваат, лежев така ни будна ни заспана, во некаков полусон, и слушнав како брат ми тивко, едвај чујно, ме прашува дали заспав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Продолжив во моето непоместување, во таа смиреност и едноличност на дишењето, не затоа што сакав да го измамам брат ми, туку затоа што не сакав да го прекинам задоволството во кое се наоѓав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)