едвај (прил.) - чека (гл.)

Ама, нели во наше Мариово жените се к'т, едвај чекаа мариовците да се жугне некаде оти има женска пола за давање — како сака нека биде! Макар ќора, крива, саката ... Па дури и немата Петкана Арапова се омажи за Трајка Рошајка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Слушам како полиците стенкаат затекнати од неочекуваниот товар, кој едвај чека да ми се струполи на глава на следната кривина.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
А и го сфати тоа како љубомора од Пипиле, кој порано ѝ фрлил око, но таа не му вртела глава, та едвај чекал да дојде Богдан за да му ја предаде пудлицата нему за која тој порано се грижел.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И ми раскажува мене, во тајност, божем не знае дека 3 минути не можам тајна да сочувам, а јас фаќам белешки од нејзиното раскажување и едвај чекам да испијам едно кафе со сонувачот, кој веќе глава на перница нема да стави без неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Гордо ги носеше и своите малку сантиметри висина, кога со трите „брези“, високи како млади тополи, одеше на пазарување и едвај чекаше некој да ја поздрави и нешто да искоментира, а таа да му одговори: „Ете, пораснаа... како три трендафили на трнче!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие, всушност, едвај чекаат да се ослободат од тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Едвај чекам да те видам, да те почувствувам и силно да те стегнам во моите прегратки!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За несреќа, во тој момент, пеењето на попот запре бидејќи и тој едвај чекаше да си ги земе петстотината денари маржа за пеење, иако тоа повеќе личеше на дерење млади петли, веројатно поради тоа што попот на нашиот погреб се трезнеше од претходната алкохолизирана и развратна ноќ.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Ама, Хана, овие очи се некои очи што сакаат да те видат, очи што ти се радуваат, очи што едвај чекаат да ги пресретнеш Хана ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
БОРИС: Вие младите едвај чекате да бидете тажни.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Едвај чекав да стигнеме дома за да спијам или да се затворам во тоалетот кога сите ќе заспијат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Музичарите имаат високи чела, пеачката отворен гард а мајсторот на фотографија едвај чека да ѝ се врати на мртвата природа, толку извесно бесмртна во црно-белата Leica M6.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Илко одговараше, но тешко. Правеше долги паузи, замолчуваше, жештината го имаше сварено и едвај чекаше да подлегне, да се одмори.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И едвај чекаше да дојде денот да го испрати Богулета во градот да продолжи со учење, да му даде што повисоко образование, да го изучи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)