едвај (прил.) - постои (гл.)

Го нема тој вајар кој од твојот материјал може да направи било што пристојно. Ти си без облик. Ти едвај постоиш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тогаш главно мерило сѐ уште беше личното искуство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред четириесет години едвај постоеше нешто како што се сериозни студии на популарната култура со што денес главно се занимаваат културните студии.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во близина на Куманово, но не толку близу, туку на автопатот кој водеше натаму, си живееја едни човечуљчиња - патуљчиња, кои едвај дишеа, едвај се движеа, едвај работеа, едвај се размножуваа, едвај постоеја.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во академскиот свет сѐ заедно започна во 1957 со мошне влијателната книга на британскиот професор Richard Hoggart со наслов The Uses of Literacy, во која што се добро објаснети суштинските промени на подрачјето на современата култура, а малку помалку е истражен потенцијалот на новите облици на популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)