дрско (прил.) - одговори (гл.)

ДЕКАН - „За тебе сум декан!“ му рекол Мајстер Ерхарт на Декарт. „Дека арт Декарт подобро познава од Ерхарт, сите знаат!“, дрско одговорил Декарт. „Идам да земам чекан!“, рекол разлутениот М. Ерхарт и отишол директно кај Данте.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Што ако влегоа! - дрско одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)