доцна (прил.) - попладне (прил.)

Ручекот заврши дури доцна попладне, кога првото свежо планинско ветре се извлече од сенчестите кории и се разлеа по ливадите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Отидовме до Луна паркот. Се растрчале мали деца, пискотници и врискотници на сите страни, глава да те заболи!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Лете, преку ден никој не игра тенис на тој пекол, само рано наутро и доцна попладне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Веќе е доцна попладне. Надвор сѐ е тивко, но и многу студено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Те чекам со ужасно нетрпение утре доцна попладне, сабота 2 Октомври, во 16 часот на нашето старо место: на нашата клупа во парко, кај сато.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Имаше и еден голем автомобил и со него доцна попладне се враќаше од работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Роза ме погледна со вцрвенети очи, и рече: „Се јави Ана. Минатата недела умрел Зигмунд.“ „Умрела Клара. Синоќа,“ реков. „Го кремирале.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога доцна попладнето се вратив дома, моите сестри седеа околу масата во трпезаријата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога доцна попладнето се подготвуваа да си заминат еколозите одеа од група до група и советуваа - сиот отпад да се прибере и во ќеси да се однесе дома, зошто на теренот немаше ниту канта, ниту контејнер.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Доцна попладне отидоа на Плоштадот Македонија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пеколот секој сам си го бира !  Ја обзема чувство на изнуденост: софистицирана уцена маскирани киднапери препознатлив глас.  Депресија: доцна попладне Наместо топла попладневна дремка во неа без остаток се влива тегоба со нагон на повраќање небаре влегува низ подотворени порти - дома, а дома цибрина  треска  изѕемнина.  Има хронична несоница.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)