доцна (прил.) - навечер (прил.)

Не смеев да се враќам многу доцна навечер.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Под неа Ласа и Трендафил пиеја кафе едно убаво мајско утро.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа работеше до доцна навечер!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Паѓајќи, лифтот ѕуни. 7 Мартин работеше во канцеларијата до доцна навечер, расчистувајќи го она што требаше да го направи пред утрешниот ден, рутински нешта, па сепак дел од постојаната нужда што господареше со неговиот секојдневен живот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И останува до доцна навечер а кога се симнува не оди дома, кај луѓето, како што го носи редот секој домаќин, туку во трлото кај овците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Френк знаеше дека е подобро ништо да не му зборува на Даниел, кога го гледаше само на работа, зашто Даниел никогаш не остануваше дома за вечера, а кога се враќаше доцна навечер, сите во куќата на Адам спиеја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мајка му ми кажа дека доаѓа доцна навечер, но и дека другиот ден има концерт во прекрасната катедрала и дека сум имала среќа да бидам во Парис баш кога тој има концерт.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога се враќаше дома доцна навечер по веќе темните улици на градот, се чувствуваше како градот во кој живее да му е единствениот пријател и партнер во неговите планови за следниот ден, за кои секогаш размислуваше одејќи кон дома.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Соблазнет и возбуден истовремено, доцна навечер, пред спиење, и тој самиот бргу ги голташе пластичните описи на полуперверзните копулации на Милер.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ова значеше дека Камилски ќе се врати доцна навечер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, од собите и до доцна навечер и ноќе се ширеа мириси на пот и парфеми, на пијалаци и сперма, се слушаа крикови на сласт, офкања и плачења.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога се одржуваа јавни судења, таа си го заземаше своето место во одредите на Младинската лига, кои ги опседнуваа судовите од рано утро до доцна навечер, извикувајќи повремено „ Смрт на предавниците“ !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Матеј доаѓаше доцна навечер од библиотека, каде што ги спремаше последните испити.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Летавме доцна навечер од Анталија за Истанбул, а потоа од Истанбул за Скопје.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Адет е да се оди во црква доцна навечер спроти Велигден.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Чекавме неколку часа во Истанбул за нашиот лет до Скопје, каде што пристигнавме уморни доцна навечер.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Беше доцна навечер, немаше никој пред одделот за Токсикологија, почнав да викам: „Помагајте, мажот ми умира, помагајте…“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Шетаа покрај реката. Доцна навечер. Ѝ го сврте со двете раце лицето. Кон неговото. Очи во очи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ама на витоливци и тие осумнаесет саати ден им се кусо, та ставаат рано пред зори или жнијат, доцна навечер, зависи од месечината.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш Ајша сакаше да го искористи во наговорувањето, затоа, по свршената работа доцна навечер, не забораваше да и натолчи: – Потурчи се, мори будалче, потурчи се да живееш како нив. Ем уште поарно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едо знаеше дека Лигушот често или останува на работа или се враќа нешто да работи во својата директорска канцеларија во фабриката за машински делови и до доцна навечер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
3. Внатрешен опис (солилоквиј) „Беше доцна навечер кога стигнав“13а небесното царство тивко без оглед на мените, тропите, содејствата (и брокатот, и баршунот и муслинот, и сомотот пошумно од него шуштат - и допирот на кожа на маж и крзно на лисица во време на обнова мрмори повеќе од него!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пет години по мистериозната случка, доцна навечер, ме сепна телефонот – Иси Калкута – крчеше од слушалката на лош француски – Ви се јавуваме од болницата „Света Маргарита“.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Игра ли надвор до доцна навечер? Не.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја имам слушнато како полугласно им зборува на цвеќињата, како ги допира тревите во Маврово и им се извинува што ги згазнала, ја имам видено како ноќе неподвижно гледа во ѕвездите, или „го пушта потокот да влезе во собата” доцна навечер кога сè е толку тивко, што во истиот миг кога ќе го отвори прозорецот, навистина се чини дека потокот сиот се втурнува внатре и продолжува да тече низ целата куќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу често сум се прашувала дали можеби и таа знае да лета на килим,и каде оди, и со кого? Ѝ го прочитав писмото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше доцна навечер, па не успеав добро да ја видам околината.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)