доцна (прил.) - есен (имн.)

Езерото се размавало разулавено чиниш, му се стеснува дното (Баш би јавнале некој од брановите ама сите места се зафатени). Никој на брегот не знае рана пролет ли е или доцна есен
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тоа, писмото Николово, помогна властите да ги остават на мира Јанческите и да почнат, неколку годин по ред, од рана пролет па до доцна есен да чуваат стража најгоре на Чауле, а потоа таму, најгоре на Чауле, да подигаат и нешто како касарна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
До крајот на последната Голема војна, а никој жив не си споменува точно од кога, околу вирот, од рана пролет па до доцна есен, се распостилаше чергата на потомците на некој си Алил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И сега се потсети како лани, во доцна есен, пред да паднат големите снегови, застана скраја од патот, прашуваше двајца: - Ами, бре деци, да ве опитам?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Меѓу ридовите и клисурите се превалува магла и студи небаре е доцна есен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, затоа што беше веќе доцна есен, иако топло и пријатно, брегот и летувалиштата беа опустени, со многу посетители, а на морето просто не можеа да се забележат капачи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, штом се продолжи патот од романската метропола кон Плоешти,или уште подалеку, кон Синај и Брашов, пак доаѓа непрегледната рамнина, која станува здодевна,особено ако асфалтираниот пат низ овој дел на Влашко се минува во топли дни, какви што беа во оваа доцна есен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Доцна есен, сѐ беше фантастично обоено. Како слика која би ја замислил Пикасо.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од рана пролет до доцна есен Таки сам седеше под големата разгранета врба, надвисната над терасата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Летно време, во привремените колиби и трла излегуваа од селото и други луѓе, косеа, жнееја, садеа компири, но од доцна есен, па сѐ до пролет, освен во исклучителни случаи, кога ќе наминеа ловци, кога ќе ноќеваше кај некого од нив шумарот или кога ќе им дојдеше некој од дома, старците беа сами, како да се наоѓаа во прогонство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го паметам училиштето каде во доцна есен таа 1947 година, по зајдисонце, се отворија вратите на училиштето и во примракот и во растреперените пламенчиња на кандилата за првпат отворивме буквари и учителката, Костандина Тодорова, облечена во воена униформа, ни ја учеше кирилицата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)