доста (прил.) - рано (прил.)

Уште е доста рано, а по сокаците веќе се движат деца, празнично облечени, Турчињата со фесови извадени од калап и со нови долги панталони.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Можеби и јас од дното на душата ја мразам депресијата, можеби оти таа го претвори тато во лебарка, па доста рано емигрира од животот и остави сами да дишеме од кислородот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Правото на паричен надоместок за помош и нега, и за пензионерите и за наведените лица во работен однос, на- страда доста рано, веќе во 1995 година (чл. 9, ЗИДЗПИО/95), а во 2007 година дојде до опсежни промени во одредбите што се однесуваа на надоместоците на плата со што правата на лицата со преостаната работна состојба се драстично намалени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од селото замина уште како млад. Се ожени доста рано, по желба на мајка му која сакаше што побргу да го вдоми за да има кој да ја преземе грижата околу куќата и имотот по смртта на татко му.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Доколку сакате врз мене да ги примените библиографско-биографските критериуми, можам да речам дека првата книга ја напишав доста рано, а потоа осум години не напишав ништо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тие денови зимата фати доста рано: нејзиното идење го закобија дивите патки и норчињата што како црни облаци го прекрија езерото; маглите започнаа сè пониско да слегуваат, да лежат на земјата и куќите како лоша болештина; со влегувањето на новата месечина клапна и снегот и го покри сето село, ги зарамни нивјето недоугарени, ги покри недокренатите капици со пченка, ги покри сите ѓубришта останати од есента: лепешки, комина од казаните, пцовисани гадурии и сметови по бавчите и дворовите, му стави на езерото бела јака и уште повеќе му го оцрта и истакна неговото синило како штотуку истурено мастило; добитокот мука зацапан во снегот како во пенливо море, кикирикаат и кокошките заглавени во снегот и прпкаат со крилјата не можејќи да летнат како да се фатени во смола; ријат кучињата со муцките низ снегот, го цепат и го враздат просторот како подземни кртови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)