доста (прил.) - лесно (прил.)

Го избутка Невена детето доста лесно , тоа како да сакаже само да излезе што побргу да го види светлото на животот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во таа ситуација, јас можеби доста лесно се извлеков.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)