доста (прил.) - далеку (прил.)

Од карпата го делеа само стотина и педесет метра, беше доста далеку за да се мисли само на еден истрел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле сами беа и сите оние другите ливотки, што прошмугуваа низ мртовечката темнина наоколу, иако тоа беше доста далеку од ова пеколно дно на самотата, што го имаа тој и неговиот волк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Навистина, тој беше доста далеку од многу сртови, навистина -можеше да биде малку погоре, во една од погорните шпели, но барем успеа да си ја зачува затскриеноста, а тоа секому би требало да му биде доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше доста далеку, дури и премногу далеку за секој друг да ги нанишани на таа далечина, но беше исто така неминовно и за сето време тој мислеше на својата сигурна рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одевме доста далеку од Драч. Огромно поле.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го прашав повторно, се осмелив, дали нема да пречи ако пак почнам да барам... да ги читнам пак малку „огласите”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вистински безобразен гад... Бестрага!... Доста беше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Собите кај него беа распоредени доста далеку една од друга.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како и да било, но во најмала рака, точно е дека чиновникот живеел во најдобриот дел на градот,  според тоа, доста далеку од Акакиј Акакиевич.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)