доста (прил.) - веќе (прил.)

Ма доста веќе, побрзај кажи ми каде се наоѓате сега, - побрза Јана да добие одговор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И доста веќе со тој твој синџир.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Каде што ќе ги збунам речникот и правописот (та доста веќе тие ме збунуваат и негодуваат против мене).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
„Нека го доноси овој пат, Боже, нека го доноси, доста беа веќе искушенија, оди кај друга некоја, доста веќе, таа заслужи да стане мајка“, се молеше и му заповедуваше на тој што прави распоред во која куќа ќе се пружаат пелени. . . .
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Баа, братко, оти да не отцепи!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е доста, бре бестрамнику - му свикал касапо на лутина - со тој пусти прст ме изеде; толкуа време што идиш и му јадиш бадијава месо, доста веќе со тој пусти прст; нì ти го и крши си глаа од пред мене: прсто, прсто, прсто - нì ти го прсто и уште еднаш очите да не ти и видам!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еле, како би - би, си дошле дома при чорбаџијата, и го обесил јагнето сиромајио на дирекот, а пак чорбаџијата му го зел џигерот од рака на сиромајио, ѓоа да му го подржи, дури да го обеси сиромајио јагнето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Не готвиме горе, во новата кујна, туку тука, во старата, - ми го подобјасни тетка ми тоа што беше повеќе од јасно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Аман Олга, остави го човекот, го исплаши, доста веќе со тие твои глупости, - рече тој со ист тон како да му се обраќа на чаршафот пред него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)