доста (прил.) - вода (имн.)

К* длабоко повлекува со носот, ја вдишува силната трпка миризба, повторно им загоре, си мисли К*, никако да научат, секогаш им загорува, секоја проклета недела, зашто ли само не го спремаат со доста вода наместо да им се суши во рерната, си мисли К*, или барем еднаш да го сменат тој нивни проклет ориз...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Секогаш се случуваше така, снегот да преврне а после или да заплисне југовината со својата блага бура, што ќе слисти барем една дебела половина од наврнатиот снег, што ќе размекне, ќе спитоми, ќе одврзе, а ќе му даде и нему доста вода за да си ги сврши сите работи, за кои беше дојден; или пак ќе дојде една од оние ведрини, ќе се изостри една таква при која сонцето ни во најцрвеното и најослепувачки огреаното пладне нема да биде во состојба да му излишти ниту една капка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога мислеше дека ќе има доста вода за едно такво ситно животинче, тој почна да се спрема за пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Водениците летно време не работеа, зашто потокот намалуваше и немаше доста вода.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)