доста (прил.) - бев (гл.)

Ако се шегуваш доста беше, ослободи ме!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Само, железен - не издржа Николај.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Добро, доста беше, момци - го прекина старецот, станувајќи. -Да се разотидеме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина 37 119 Лобо: Грета, курво, кој кур е ова!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Следуваа масовни револуционерни песни. По првите акорди, татко ми го затвори радиото. Доста беше за овој ден, и премногу.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Доста беше да ги прекрие со рака, па да види дека без нив катчето како да се развеселува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој уште не видел како ја празнуваат во градот, но доста беше што го слушаше од другите деца да си ја замислува во сета нејзина радосна необичност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
монах (запис) Ноќва треба Да ме нема Да ме снема Запишува монах грешен Безутешен Доста беше.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Нема да му правиме ништо за она досегашното ... Доста беа сите оние расправии меѓу нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го влече Буза за рака низ селото и штом ќе сретне некого, ќе го гризне зајадливо: - Вам ви дојде редот. Доста беше со мене...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Немам, а не оставам, носам, а не донесувам. Доста беше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И доста беше сега само да се застане на едно место, од каде се гледаше целото село, и ич да не се праша чии се новите и најголемите куќи во селото, за да се знае кои се неговите бригадири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека беше малав, доста беше палав; бесот и лутината ги истураше на сестри му, кои, иако беа поголеми од него, се плашеа и му подбегнуваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Нека го доноси овој пат, Боже, нека го доноси, доста беа веќе искушенија, оди кај друга некоја, доста веќе, таа заслужи да стане мајка“, се молеше и му заповедуваше на тој што прави распоред во која куќа ќе се пружаат пелени. . . .
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Господе, ова нека започне со убаво. Доста беше тага за мојата Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
20. Кога ќе загледаш поасолно Од пишаното навистина не се бегало Ни од пишаното ни од суденото А пишано било наместо плач да имам прв сон И судено било сон по сон Да го отсонувам и последниот сон Оставајќи патем неизбришливи траги Во светската историја на сонувањето И крепејќи ја севезден Планетарната борба За неприкосновено право на сонување Уште повеќе борбата За гарантирана слобода на сонувањето Што сега е внесена во Општата повелба На Обединетите нации за слободно и неограничено сонување Од толку силни борби И впрегнување во нив на владини и невладини сонувачи Најнакрај се уморив од толку сонување И си реков доста беше ако е за аир И онака не остана што да се сонува А и нека посонуваат малку помладите генерации Па да видат пршленките Колку дикат сака за едно просечно сонување А не пак за едно асолно сонување Да видат дека во сонувањето нема тате носи мама меси Соновите не паѓаат од ведро небо И сака добро загревање на главата Дури почне да се исцедува еден сосема обичен сон А знаете дека има и недоброј необични сонови Тадури и повеќе необични одошто обични сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ќе најдам нешто многу добро!... Чуствувам!... Сигурен сум!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само не треба со сила!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вистински безобразен гад... Бестрага!... Доста беше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
ЦИГАНИТЕ: А! Пишман! Пишман се стори!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Доста беше, што — беше! И — како ништо да не беше!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но доста беше за ова.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Е сега доста беше, невесто- ѝ рече тој на мајка ми по што таа, како одвај да чекаше, ја грабна машата и почна со неа да штрака по нашите задници, нè натера кој да се пикнеме в постела на своите места и преку глава нè покри со ложникот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
ДИМИТРИЈА: Ќе има војна. (Пауза.) Ќе има војна. (Пауза.) МАРИЈА: Доста беше и ваков мир. (Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Доста беше, - го прибра дедо ми пиштолот во футролата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа му рече, доста беше, а тој не сакаше да се откачи од својата мајка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Доста беа за денес грижи”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Уште малку, уште малку, те молам, само да фатам една светулка, па ќе се вратиме – ме молеше таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ајде Дена, доста беше, да си одиме – срипав нагло.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)