дома (прил.) - кај (предл.)

На малата Нешка повеќе ѝ се седеше кај Тода отколку дома кај мајка ѝ. Крвта ја влечеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите кои имаа можност да ги видат, а можеше секој од Потковицата да ги види, беше само да отиде дома кај Акиноските и на надлежиот за тефтерот, по правило тоа беше најстариот од нив, да му раскаже нешто кое навистина се случило и кое ги засегнуваше сите од ред во Потковицата, остануваа стаписани од големината нивна (собрани на куп, со тевтерите можеше да се наполни доволно еден дел вејнички куфер) и од писмото во нив: беше чудесно испишано и украсено со разно-разни шари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се изнагостија убаво, убаво, преденуваа на другиот ден; вечерта појдоа дома кај дедот Паленѕа, Бојка, Стоја и другите колибари што ги хранеа по Раец и Рамништето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред бараката се разделивме. Се колебав дали да ја поканам дома кај нас, но се премислив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш се случи тој срамотилакот со сестра му на Еда, со Гала, зашто дома кај нив се смести еден германски офицер, еден убавец друг да го нема таков, очите на жените им истекоа по него и таа, Гала, се сплетка со него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И така отидовме дома кај... кај... (Плуска со прстите). Ете, не ми текнува името.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Али е тој Силјан што не работеше дома кај татка си?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да договори. Со Хелвиг. На пример, зошто не одат прво дома кај него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„*Ако не успееме, јас ќе ги следам тие кутри луѓе, каде и да решиле да ги носат.*“  Карер помолча.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Јас не можам да прекршувам наредби”, рече Беренц не криејќи ја изненадата од директноста на митрополитот. Владиката не го ни почувствува кафето кое гледаше што побргу да го испие и да замине, зашто во главата имаше уште еден план.  Вечерта владиката отиде дома кај градоначалникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Без око да му трепне (ни на клепките нема трепки) Митра е дома кај да биде на друго место!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А Лангачот вели дека само од тоа живеел. Дома кај него немало ништо друго.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Сеедно, но ти веројатно одиш често дома кај него, нели?“ - ми вели и ми пика чоколада.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)