дома (прил.) - без (предл.)

- Јас дома без Бак не се враќам – рече Саше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Винстон не ја купи сликата. Таа ќе беше уште понекорисен имот отколку стаклениот тег за хартија и беше неможно да се однесе дома без да се извади од рамката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но откако се расчу низ селото за овие нивни врски, Профим виде дека нема каде и попуши; рече: „Нека одат по ѓаволите, нека прават што сакаат“ и ја исфрли од дома без свадба, без ништо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ти појди сама, а јас ќе го барам и не доаѓам додека не го најдам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А оти во завиткувањето децата ќе завиткаат други подолни „шеови“; оти крпите што ги пазарија ќе бидат расцепени и ќе станат од едната — две; оти тулбените и шамиите што ги гледаа со реси, ќе излезат дома без реси, тие се детински работи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оттогаш и оттаму беше измислена песничката за него, а тука, зашто беше вистина, немаше лутенка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тој не им се лутеше, заедно со нив се смееше: беше го испратил еднаш, кога бил малечок, татко му Софре да ги паси гуските, а тој си дошол дома без нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)