долу (прил.) - ќе (чест.)

Земјата долу ќе се изработи, ќе се израмни, ќе се посее со англиска трева и низ неа ќе водат мали поплочени патеки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако скокнам долу ќе се убијам или стражарот ќе ме фати!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Што да жалам долу ќе ми бидеш и камен и море и рид и дно сите времиња ги надви!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се спуштивме подолу, поминавме низ маглата, се наведнавме под долната граница на нашиот облак, погледнавме со двоглед и видовме како кон нашето градилиште, во концентрични кругови, се приближуваат жандармеријата, кралската гарда, полицијата, инспекцијата, баталјоните, војски, цела армија, и сите со заканувачки изглед, ѓавол да ги убие и да ги проголта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Драги мои дами, она место таму долу ќе биде моето изненадување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секако, порано или подоцна, оние долу ќе го зaгубат трпението, ќе протестираат, ќе пишуваат писма до Парламентот, зошто никако не завршува изградбата на проклетата кула?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
ЕДЕН ГЛАС: Слези долу ќе ме видиш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)