долж (прил.) - река (имн.)

Ако добро се загледаш, можеш да откриеш и нешто пријатно; долж реките игриво, весело и расцрцорено летаат едни златни ластовички кои толку убаво стојат на црната подлога.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од височинката, тој покажува на возот што се миголи долж реката. Деловен, 12 вагони. Одби еден за пошта, еден за ресторан, остануваат 10.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Бојот долж реката, која истекувајќи од вирот, откако после километар, два, кај новата железничка станица, ќе се протне под железничката линија, се дели на два крака: со едниот, горе, над Бучало, се влива во Бучинско Блато, а со другиот, кај местото Плазики, во Чепиговското Блато, се пренесе во Беговски Ливади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Толку многу сакам што и јас станувам златна ластовичка која лета долж црните реки. И види чудо: ако летам долж реките, под мене нема ни вода ни корита по кои водата би течела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Појде долж реката. Реши да го посети Игора Лозински во неговата лабораторија - работилница, која се наоѓаше во неговиот дом, близу Антималаричната станица.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)