долго (прил.) - пред (предл.)

Всушност, како што сфати сега, тој бил подготвен да капитулира уште долго пред да ја донесе таа одлука.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Но карпите се полни со коски на изумрени животни - на мамути и на мастодонти и на огромни рептили кои живееле тука долго пред појавувањето на човекот.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беа обични, заморни снежни партали, поигруваа долго пред неговиот прозорец, сѐ додека една од нив не сврте неколку пати нагоре-надолу, а потем се шмугна низ скршеното окно и му падна на дланката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Конструирањето на авионите датираше од време долго пред нејзиното раѓање, но пренасочувањето на војната се случи пред само четири години, значи кога таа веќе била возрасна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие признаа дека шпионирале за непријателот (и тогаш, како и сега, непријател беше Евразија), дека проневериле државни пари, дека убиле разни доверливи партиски членови, дека правеле заговор против водството на Големиот Брат, што почнало долго пред да се случи Револуцијата, признаа акти на саботажа кои ја предизвикале смртта на стотици илјади луѓе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)