долго (прил.) - си (зам.)

Долго си миев заби, си миев коса и се истуширав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ТЕОДОС: Господе, господе, што е ова, што ме најде! (Тресејќи се од гнасење долго си ја брише устата со шамивче. На Арсо.) Да одиме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дома влегов на прсти и право во купатилото.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На истото прашање, самиот одговара: „Ја гледам мојата баба како долго, долго си ги брише прстите од престилката пред да ја земе во рацете мојата ученичка книшка“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Утре на училиште“, ми рече Влатко и се разделивме пред нашата зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ПОЦКО: Да одиме кај мене да се помезетиме и да се понапиеме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Понекогаш ќе се заклучеа во соба со сестрите и ќе си читаа тивко, ќе се кикотеа, воздивнуваа...откога ќе останеше сама, Томаица ќе си пуштеше музика на грамофонот и долго си лежеше во креветот, во темница, гледајќи низ прозорецот во ѕвезденото небо, препуштајќи ја нејзината романтична душа на нежните крилја на мечтите за голема Љубов.... ***
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Долго си трепереа таа ноќ гранките крај езерото А по брегот си шеташе историјата Со твоето име и со троа месечина во рацете.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)