долго (прил.) - може (гл.)

Исто така, еден народ долго може да биде без народно име ако наблизу до него нема друг народ од којшто ќе треба тој да се разликува со одделно народно име.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука е и олукот што ги исфрла полумртвите или само зашеметени пајаци, и лавабото (шолјата, лоша илустрација) во кој исчезнуваат тие неколку бубачки со кои детето си играло, трупајќи ги врз хартиените бродови и мерејќи колку долго можат да бидат под вода.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Колку долго може да потрае една тајна? Дали треба да ја земеме со нас кога заминуваме засекогаш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таквото однесување зар не е слугување на гревот? (Ова грев, сфатете го според објаснувањата на берберот Среќко кој, и покрај трите месеци поминати в затвор, не престана да се препорачува како единствен претставник на Господа во нашето место).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)