доволно (прил.) - длабоко (прил.)

Имате маестрална меморија на потеклото (и шизмата ви е промислена!) инстинктивна, интуитивна, прецизна недвосмислено втисната во гените мрестењето е обред на жигосување стариот се вбризгува во новиот свет на седумстотини метри под морската површина, јасно е - езерото не ви е доволно длабоко ни за да се оплодите, ни за да умрете!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А сепак тоа идилично постоење не ја намалувало тагата на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)