доволно (прил.) - аргумент (имн.)

Тој сметаше дека има доволно аргументи за тоа и ќе настојува од своја страна да не се должи премногу за овој збор, макар што претпоставуваше дека неговиот пријател би можел да има друго мислење и аргументи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нема и да оспорат ништо во случај да не постојат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште нешто што можеби ја објаснува суштината на проблемот и го прави беспредметен овој разговор: јас знаев, а и сега знам, дека ништо нема да потврдат дури и евентуалните надворешни сличности или разлики помеѓу нас двајцата, помеѓу мене и Јана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но јас немам доволно аргументи за да го потврдам тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар и ние Балканците ќе немаме доволно аргументи да ја доживееме пробудената свест за хибридноста на човечката раса, за полифонијата на нашата култура, да живееме со другите, а не само покрај нив, да ги воспитуваме нашите деца и потомци во духот на почитувањето на индивидуалните ставови, карактери, чувства.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се присети и на онаа приказна од светите книги во која судијата ќе пресуди детето (за кое секоја од двете мајки тврдеше дека е нејзино) да биде располовено на еднакви делови бидејќи немал доволно аргументи која е вистинската мајка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)