добро (прил.) - ни (зам.)

- Што, што рече? - Реков дека не треба да се мачиш да нѐ носиш в село. Добро ни е и тука.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, добро ни беше што не нѐ брка. Си седевме во колата, се труцкавме и се смеевме. - Стигнавме до реката.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
МИТРЕ: Дал ви господ добро и добро ни дојдовте. (Се ракува).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И тој лик на несреќница која се влече по улиците, а никој не знае од што, каде и како живее, добро ни е познат од божјачката историја на нашите градови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не знам како ја пуштиле дури ваму, но нас добро ни дојде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Добро ни дојдовте! Прво доаѓање! Во нов стан! И за Нова година!“ ги гушна мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Добро ни дојдовте“, стои на еден транспарент, напишан со латиница, распнат на гранките од едно дрво.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На овие сили треба да се додадат девет баталјони на националната гарда, поголем број единици на жандармеријата и територијалната одбрана, а да не зборувам за военото воздухопловство, тенковите и борните коли што на сите нам добро ни е познато... за жал, ги немаме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)