добре (прил.) - најде (гл.)

- Добре дојде, ми вели Левтерија. - Добре најдов, ѝ велам. Така мене, така и на Витомира му вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Митра ѝ притрча и ја дочека: — Бре, добре дојде, невесто Досто. — Бре, добре најду, сестрице Митро. И се избакнаа тука среде двор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добре најдов, бег, господ добро да дава, — одговори Јован, а Адем го започна сериозниот разговор: — Е! Виде чифлигот, чорбаџи Јован?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Добре најдовме. Дојдовме на посета. Не сме од Руља...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)