директно (прил.) - во (предл.)

За контекстот на целата ситуација, се чини битно е да се спомене податокот дека телефонскиот број на Авдиќ и неговата нова адреса на живеење им беа познати на фабричкото раководство бидејќи истите беа уредно пријавени во правната служба, но – според неговите зборови – очигледно е дека нивната единствена цел била да го отпуштат од работа, и тоа заради неговата блискост до „гарнитурата“ на претходниот директор кој, пак, беше од друга политичка партија, иако Авдиќ не е член на ниту една партија. 102
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По поминувањето на наведениот временски период од испраќањето на фамозното писмо на поранешната адреса и по неколкуте неуспешни обиди Авдиќ телефонски да го добие раководството на фабрика, тој се решава да оди директно во просториите кои беа седиште на велешката фабрика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со самиот наслов на една од нивните последни изложби, „Трагични анатомии“, тоа се вели директно в лице.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во таа низа, статусот на „акт“ во делото на браќата Чепмен е потполно дехуманизиран и демаскиран.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бидејќи никогаш дотогаш се немав заинтересирано каде е влезот на зградата во која работев, иако луѓето кои честопати грешејќи ќе влезеа директно во мојата канцеларија, мислејќи дека тоа е вистинскиот влез, јас ги упатував странично, каде што и беше логично да биде влезот на зградата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа воедно беше и крај на перформансот. Lazer оттаму замина директно во бањата целиот крвав и сосема гол.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тогаш погледот му паѓа на постелата од свилени чаршави под која се покажува влакнестата нога, потем и ликот на неговиот левантски двојник кој спие со сон на праведник и со задоволна насмевка на лицето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А во салонот на тој бункер за одбрана на сладоста, свлечена пајажина од свилени неглижеа лежи распослана по меките дивани и длабоки фотелји, а од салонот, неколку порти водат директно во гнездата на заборавот, потонати во полумракот и згуснатиот кич во кој се задушуваат будоарите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Секој од вокалите/раздели во „Две тишини“ има автентичен есеистички влез преку кој читателот се спроведува директно во „собата“ на песните групирани во тој и тој вокал.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот вчудоневиден дека баш на врв свет мртвото е живо како животинките во цртаните филмови: знае дека во сите докторски книги пишува дека луѓето во чија крв има помалку од 6 единици концентрација на кислород веќе кинисале на оној свет ама од врв свет се слегува прудолу, спокојно и со уморна насмевка, се слегува директно во светот на чудата само со 2,8 до 3,2 единици кислород во крвта.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Дебелиот америкењац ти седи на фацата и ти прди директно во мозокот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Е па, да одлетаме од оваа тажна, зачадена котлина, еднаш засекогаш, мој мил сопатнику, Кракатау? Да одлетаме, пријателе, да одлетаме. литературна адаптација: П. Вулкански okno.mk | Margina #11-12 [1994] 145 Worhol Andy 146 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ворхол (2) Картер Ратклиф Увод Конзервите од супи на Енди Ворхол, хамбургерите на Клас Оленбург, стриповите на Рој Линхтенштајн и пародичните рекламни плакати на Џејмс Розенквист - овие поп-арт слики направија скок и од наглата експанзија на празната американска консументска култура влегоа директно во областа на високата естетика.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога поп-артот се појави шеесетите години на ликовната сцена, втората генерација на апстрактните експресионисти се подготвуваа да јуришаат на високите естетски вредности што ги поставија Вилијам де Кунинг, Џексон Полок, Бернет Њумен и другите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој сметаше дека ќе беше подобро сандаците со сиџилите да се стават директно во камионите, зашто постоеше опасност тие да се оштетат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Уште еднаш бараше сила да гледа директно во лицето на човекот што страдаше, кој беше причина за неговото измачување, и повторно ја најде потребната сила во лицето што личеше на маска, кое на некој необјаснив начин го потсетуваше на челичен катинар, кој цврсто држеше некоја недостижна тајна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие ја внесуваат печатената страница (наречена уште и храна за мислите) директно во софистицираната ментална машина за декодирање што ја проценува нејзината релевантност, соодветност и профитабилност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во исто време тој останал во Софија како претставник на гемиџиите, но не долго потоа дошол во Турција за да се вклучи директно во реализирањето на планот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога онака грубо, по свое, директно во лице ќе ми ја плеснеше оценката за усилбата да запеам, солзи ми навираа во очите, што би рекол Конески, „во градите жал лута ме стискаше, ми идеше да плачам ко дете“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Ама јас веќе си одбрав...“ и братучедот покажа со главата накај девојчето што ги послужи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„За тебе или за малиов?“ се поднасмевна човекот со лузната и за првпат откако седна на масата погледна директно во него. „За двајцата“, се искези братучедот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Утре одиме на лекар и тоа не во Куманово, туку директно во Скопје, - пресече Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Ударот“ на Раде беше директно во стомакот на Анѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Трипати пукав – директно во градите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И потоа ме изнесоа пред државниот судија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа ги подигна крупните очи погледнувајки го директно во неговите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Правејќи се дека не го гледа, се упати директно во негов правец.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ова е најубавио ден во мојо живот.“ и го погледна директно во очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Азра се поднамести и почусвствува меѓу усните густа тегава течност, а веднаш потоа устата ѝ се исполни со тврдото месо кое не можеше да се смири, кое играше во ритамот на празнењето што пред неколку мига започна во анусот на нејзината постара пријателка, но и продираше навнатре отворајќи ѝ го грлото како кога од голема жед во отворот се истура полна голтка директно во жарот за да се загасни, да се стиши.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Никој не можеше да те боцне толку прецизно во вена и убаво да ти ја дозира инфузијата како Нино, ја темпираше така што капка по капка течеше во одредени интервали и се слеваше директно во твоите вени.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во истиот хируршки оддел постоеше еден човек на четириесет години, кој боледуваше од она што тогаш се нарекуваше myositis ossificans progressiva (fibro dysplasia ossificans), состојба во која мускулите се преобразуваат во коска. Тоа е многу ретка болест.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
КоБрА, велеше Алешински, „е уметничка форма која ги води директно во детството... со значења употребливи за возрасните”. 50-те години фројдовата психоанализа влезе во главните струи на популарната култура и беше нашироко земана како доказ дека, не само што детството продолжува да влијае во возрасното доба, туку тоа суштински го создава и обликува истото.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Покрај тоа, 50-те години беа зенитот на т. н. „baby boom“ генерација, кој негуваше огромен интерес за детското како никогаш дотогаш.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но постоеја други видови на страдања коишто беа далеку од разумот и коишто ми влејаа ужас директно во коскената срж. 52 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Гледав директно во очите на оние на кои им го ставаав ножот паралелно со вратната жила.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Кога од Северна Африка директно во Црна Гора долета облак од скакулци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Гледам, паѓаат, ама не се губат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Си измислувал човекот заобиколен пат но за жал сепак не пристигнал кај неа (Кај неговата Катерина). Ни не слутел дека го фатил правецот кој води директно в зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кејџ директно во Мозокот ! (Напомена: Изоставените делови (поради повторување на веќе споменати работи) се јасно видливи во текстовите.) Ова е текст од говорот одржан на собирот на Уметничкото друштво на Сиетл кој во 1937 го организираше Бони Бирд.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)