див (прил.) - животно (имн.)

Наместо ликот на Г, тоа одразуваше мозаик со мотив на диво животно, составен од црни и бели камчиња.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
ЛИОТ- диво животно, месојад што ги напаѓа домашните животни.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Беше темна ноќ околу нас, на небото имаше сосема млада месечина, тенка како срп, што не може ништо да осветли, бевме сами во таа ноќ и среде тој страв што мене ми изгледаше голем и црн како некакво страшно и опасно, непознато диво животно од приказните.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од оние на кои не им го знаеш името, ама знаеш дека, ако ја отворат устата, можат веднаш да те проголтаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Те гледав како диво животинче кое се свива во своето крзно и сонува, сонува, сонува…
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во еден миг ранецот толку му стежна, што Г престана да пее и крикна гласно како диво животно, толку гласно, што го изгуби гласот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Веќе ништо немаше никаква смисла, а понижувањето поради некој национален пораз што веќе подолго време висеше во воздухот сега се спушти на него и му ја зароби душата како диво животно во стапица.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во душата бевме маѓепсани од жестоките ритмови, бучните улици, авантурите и барикадите. Paul Vestheim За Оскар Кокошка, 1919 Кокошка во тие дела, а посебно во портретите од првиот берлински период (на Валден, Блумнер, Вауер итн.), како и во цртежите објавувани во првата година на „Sturm”, изгледа како диво животно коешто провалило во мирното гето на уметноста.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)