десно (прил.) - по (предл.)

Најде голем и цврст стап на патеката, го крена, го изгледа и удри неколку пати по тревата лево и десно од патчето да види дали ќе се скрши, не, не се скрши, ама тревата ја сечеше како срп сѐ до коренот и така, удирајќи лево и десно по патчето, загледувајќи се по крошните на дрвјата од каде летнуваа куп птици преплашени од мавтањето на стапот, туку одеднаш се најде на една ширинка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Авторот беше толку изненаден што не можеше да поверува и како да прави нешто што не треба, погледна в лево и в десно по улицата, чиниш исплашен некој да не го види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)