денеска (прил.) - и (сврз.)

Кај нас се јаде и за денеска и за утре, велам, се јаде и за оние кои нема што да јадат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја примам твојата благодарност што во редот на многуте мајки ја имаш денеска и мајка Перса како поткрепа за вас двете, ама и вие голема поткрепа и радост за неа!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во темницата под покровчето си даваше сметка за преживеаното денеска и си поставуваше илјади прашања во врска со Крстета и нејзиниот живот со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се растуривме денеска и можеби никогаш веќе нема да се видиме и собереме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)