денеска (прил.) - го (зам.)

Мудурот, мифетишот, ќатипот, мулазимот, даскалот Бино, Колобан, Суло колџијата и коџобашијата Трајко Лесната, слегоа од балконот на Влашкиот ан, откаде од високо денеска го гледаа орото, и, нога занога, сите џумле, влегоа во портата на коџобашијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сето тоа, населбата со избеганите жители, улиштата и живината, како и целата Потковица, како и сето поле надвор од неа а кое и денеска го сочинува нејзиниот синор, беше своина на големиот и прекрасен имот подигнат на западните падини на Зедница, на родно земјиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа, навистина, некои и потоа продолжија да одат, а некои тоа и денеска го прават, но од страв да не бидат обвинети од властите, молат лелекаат и проколнуваат тивко, за никој да не ги чуе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Источниот лак на Потковицата понизок е од западниот и јужниот па изгледа како целата Потковица да е навалена натаму, накај изгрејсонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие околности денеска го подигнуваат едно наречје на степен на литературен јазик, утре друго итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што се однесува до загатката од белешката „Кон расказите“ од првото издание „охрабрен од еден опитен прозаист“ посочувам: тоа беше даровитиот Венко Андоновски, кој, во еден творечки разговор во мојот „Кафез“ во Нерези, ми го подаде моливот за да го напишам ова што денеска го читате.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Денеска го начека дома и му свика.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дедо и денеска го нема, а кога ќе дојде ќе му свариме колку што сака!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И еве денеска го бара зададеното.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)