денес (прил.) - натаму (прил.)

Само, да знаеш, кај Турците може и ќе бидеш нешто еден ден, ама кај рисјаните од денес натаму веќе не ќе бидеш ништо, кардаш мој!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од денес натаму, о, Кавафис, престануваат да значат што и да е лажните сознанија за некаква си света должност кон татковината а без себеси, зашто вистина е дека на животот му подаривме само нешто свое а на смртта - сѐ! ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
О, Кавафис, од денес натаму ќе нараснува денот, а потоа и пролетта ќе ја подготвува тревата, густа и зелена, за некого.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)