денес (прил.) - го (зам.)

Да, истото она дете кое со Свирчета, со другарчето, дамна во детството, со една книжна двадинарка, со денови, потоа со недели и месеци, се качуваа горе кај онаа стара кооперација, државната селска продавница, за да купат една бишкота, она што денес го викаме, наполитанка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да се разбереме, не зборуваме за информатичката демократизација која веројатно е незапирлив процес (иако и за 10 Margina #15-16 [1995] | okno.mk тоа може да се дискутира бидејќи истовремено со процесот што овозможува широка достапност на информациите расте и свеста дека информацијата е моќ, а моќта не е баш егалитарна), туку за местото на тој чуден порив да се чкртне пештерскиот yид - и кој денес го нарекуваме уметност - во овој брзоменувачки „информатички свет”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И денес го гледам татко ми, онака свиен во темната соба, претворен во силуета пред светнатиот апарат во мракот на одајата и наслонет со увото на шепотливото радио.  Еден ден, беше тоа некаде кон почетокот на окупацијата кога дојдоа и ни го запечатија радиото, Рашела почна да ги забележува нашите потсмешливи погледи, по посетите на млекарот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Она што денес го оддалечуваме од нас се отровните нешта, кои се насобраа во периодот на лажното трпение.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А дека тантеларството и денес го држи приматот во Бриж, не е тешко да се почувствува уште со првиот чекор штом ќе се влезе во овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тука од векови бил развиен занаетчискиот цех на тантеларите. Тој примат и денес го држи во свои раце.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Живи се... велат насобраните и - ништо повеќе.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вчера беше под шок, а денес го пуштија дома да го негуваме...“ се обидуваше спокојно да зборува, ама гласот ѝ трепереше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Љупчо? прашуваме, а насобраните велат - Две деца биле, ги однеле в болница.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Двојната природа на идиотизмот Како што пишуваше Од Боде (Aude Bodet): „Hains ја гледа модерната уметност како еден вид широка хералдика на потсмевањето: се работи за персонифицирани апстракции, односно симболи кои денес го сочинуваат грбот („амблемот”) на уметникот и често се всушност негова целосна продукција.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Или ако уметноста е вечна (апстрактна) тогаш објавувањето на нејзината смрт е само промена на димензијата на нејзиното остварување и она што денес го прават уметниците е некаква си постхумна уметничка дејност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ние бевме „интелектуалци“ за нив, оти несомнено е (јас тоа и денес го мислам) дека во рок, и особено во џез-музиката доминира интелектуалниот пристап кон светот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
“ „Папокот на светот била чашата на Соломон, и на неа првпат записот од одајата бил сочинет; тоа е изворникот што денес го нема, а сите го бараме: во папокот на жената, во мрежите на словата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вчера си отиде B. Денес го испративме Д.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие носат ’револуционерен жиг’ или, како што тоа денес го велиме, тие се анархисти.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На прв поглед, денес, по толку години, не е ништо поинаку: академските, корпоративните и уредничките фракции што преовладуваат во новинарството, сѐ уште ја оценуваат популарната култура како нешто одбивно и опасно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Општеството на иднината веќе не мора со тешкотии да толерира неколкумина отворени иноватори.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е засновано врз индивидуалното мислење, научните сознанија, брзата размена на факти во мрежа на повратна спрега, развиена висока технологија, практична фронтална креативност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе тогаш водечките медиуми во еден глас трубеа ист рефрен, како што тоа денес го прават највлијателните корпоративни племенски тапани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постполитичкото информатичко општество коешто денес го развиваме, не функционира по принципите на покорување и конформирање со догмата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имено, дека се рокенролот и насилството непосредно поврзани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога и денес го повторувам воведот во Словото, во мојата свест јасен како алхемијата на шестте имиња – gains Valerius Cattulus, Quintius Horatius Flaccus, Publius Vergilius Maro, Albius Tibulus, Sextus Propertius, Publius Ovidius Naso – што затекнувајќи ме на последната страна од читанката по латинси, во мене ја зачна непресушната жед кон хармонијата, го гледам Таткото како од градината со премолчени имиња го извлекува змивчето, му дозволува бесно да го касне, а потоа мирно да се склупчи на неговата дланка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа не се баш истите песни и приказни што ги слушаше од дедо му – детското љубопитство денес го храни моќниот сезнајко телевизијата, и внукот, и покрај побелените влакна во косата, е понекогаш едноставно човечки немоќен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И така, во таа ноќ најстрашна од сите ноќи на патот, се будев и пак тонев во соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја слушав искинатата прикаска која не можев да ја поврзам со почеток што до денес го паметам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби затоа ден денес го паметам чинот со кој ме даруваше учителот уште во нижите класови на осумгодишното образование.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мене сенатот не ме ополномошти.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Стариците не го слушаа. - А Пашка, тој Мелентјевич, тоа столче денес го изнесе и го продаде. Јас го видов. Кому? - извика Остап.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Искрено Јана, во метежот во кој се најдовме сум го затурила некаде именикот. Денес го најдов и сега ти се јавувам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Дури во еден момент помислив да му вреснам в лице: „Човеку, престани да зборуваш, мене ми е тешко, денес го погребувам мојот сопруг…“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
ЉУБА: Нашиот мал син денес го скрши со топка огледалото.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Многу луѓе денес го преиспитуваат својот религиозен идентитет, не нужно во смисла на преоѓање во јудаизам или ислам: самите технологии претставуват сериозен предизвик за статусот на човечкото суштество.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А бидејќи воените технологии се напредни технологии, она што тие денес го скицираат, тоа е всушност иднината на цивилниот простор. Но и тоа се само непријатности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А ние знаеме дека нивниот син веќе три години е мртов, а Трошчејкин и Љуба со усилбите на духот се истргнаа од јавето зад “ѕидот”, а таму зад тој ѕид умот создава чуда: ним им се чини дека “синот денес го скршил” огледалото.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Настан е неговата најпозната драма, полна со сите оние елементи по кои се познати и неговите романи и кои и денес го прават посебно (пост)модерен: автореференцијалност (интерактивност, дури!), хумор совршено избалансиран и кон надвор (предизвикувајќи миметички впечаток) и кон внатре (расчленувајќи си го сопственото дело!), една интелектуална отменост. совршена едуцираност. голема визуелна култура (некои сцени во Настан го предвестуваат поп-артот на Линхенштајн. на пример!), минуциозно водени дијалози, необично впечатливи дидаскалии...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ТРОШЧЕЈКИН: Меѓу нас речено: вие, можеби, тој човек денес го видовте?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Славој Жижек ТРИЕСЕТ И И ДЕВЕТТЕ СКАЛИЛА Бидејќи „39 скалила” бил снимен според познатиот роман на John Buchan, сценаристи­те под раководство на Хичкок неговата содржина толку успешно ја преправиле, што ликовите и доживувањата од Хичкоковата верзија станале такви, што во современата „популарна култура” го добиле така да се рече „архетипскиот”, митски статус и со тоа станале извор за непрегледното мноштво на варијации и плагијати; меѓутоа, самиот роман, ако денес го разгледуваме, делува наивно и застарено - нешто како груб материјал на кој што дури Хичкок му го дал дефинитивниот облик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но денес го надминав тој религиозен страв.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така било! Добиле куќи и земја, во замена, крај брегот на Езерото, тука веднаш до малото гратче, што денес го гледам од вишната карпа со старата таткова дуљбија, некогаш од Татко, од Цариград донесена, а со која три генерации го гледале родното место преку граница, тука веднаш крај Манастирот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И се прашуваш што ли не роди тој крш што денес го викаат Грција?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кејџ со ова дело го одреди оној простор на истражување на звукот кој денес го познаваме како електреоакустична музика “во живо” и со тоа постави алтернатива на пионерските дела на Пјер Шафер и Пјер Хенри(конкретна музика) и Карлхајнц Стокхаузен (електронски генерирана музика).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но денес го нема моето некогашно Козар маало.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да.... дедо ти Митре беше учен човек... Како денес го памтам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Здравјето е незгодна работа,“ рече овој, „денес го имаш, утре не. А таа тоа уште не го сфаќа.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ма, како и да е, ако денес го изедам јаболкото, секако за утре ќе ми останат сливите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)