делумен (прил.) - го (зам.)

Судијката (В.Србинова), во јуни 1996, донесе Пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање и ги задолжи тужените да ги исплатат неисплатените плати и придонеси за седум месеци, во вкупен износ од 29.266 МКД (480 ЕУР) – зголемени за затезната камата, како и да го впише овој временски период во работната книшка на Јаневски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Реакцијата на тужениот по однос на тужбата, не беше воопшто забележлива.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За време на австро-османлиската војна дошло до влошување на економската и политичката положба на македонското население.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 20 декември 1689 еден австриски одред од Приштина се упатил кон Велес и со ненадеен напад влегле во градот, го ограбиле и делумно го запалиле.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Впрочем тој и не покажа некоја поголема загриженост во врска со тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)