далечен (прил.) - ехо (имн.)

Со чуден сјај го гледаше И право во очи и испушташе глас тивок како далечно ехо од ревење.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Молчевме како занемени, опфатени од струјата на Големата вода, Големата вода како далечно ехо, како во сон, чудесна пак се јави.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Наврапито се свртува наназад - лице в лице со Јана.. се џари во очите, темните очи - ама без светулки - светулките згаснале во некаков длабок вир од тага.. ја гледа, усните ѝ се движат, гласовите испрекинато навлегуваат во неговата душа, небаре далечно ехо: Тато ѝ кажуваше на мама - дедо ти ја продал ливадата - не ми се веруваше... не сакав да поверувам...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)