далечен (прил.) - време (имн.)

Записите, некаков вид дневник / извештај за секој поминат ден (беше моја задача тоа да го регистрирам) останаа во една пожолтена тетратка, што секако при трансформации на планинарската организација - не била сочувана, како и многу друг архивски материјали - документација од тоа далечно време.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ви велам, во тоа далечно време тешко се доаѓаше до книги, а ми се чини, имаше многу желни читачи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Никој од нив не памети кога биле засадени чинарите - велат - може било и пред да се гради црквичето - може со садењето на чинарите во едно далечно време бил удрен белег каде ќе е среде село...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Пред да потоне во едно модрило, што му го преплавуваше целиот поглед, а после се расплинуваше и добиваше некакви крвави токови, помисли само уште дека она стреснување на окитот, што го виде во буките надвор, беше нешто, кое во некое свое далечно време, што сега воопшто немаше никаква врска со него, а сепак постоеше, тој го очекувал токму такво, дрвјата токму така да почнат да ги стреснуваат од себе тешките грутки снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)