далеку (прил.) - повеќе (прил.)

Во тој момент ја сакаше далеку повеќе отколку кога било порано, додека беа заедно и слободни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, нив, како што е истакнато во почетокот, далеку повеќе ги интересирало да ја сфатат практичната страна на тие теории отколку поопширно да навлезат во нивната суштина како теорија на определени општествени движења.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во својата жизнерадосна решителност да ја прекине претставата, „целиот свет да го истера“,125 и во својата бесрамна прослава на некоја алтернативна стварност, на волшебен свет во техниколор некаде отаде виножитото, „театрален, а не реалистичен“,126 каде што нормален народ (дури и прволигашки бејзболски екипи) наеднаш громко заоруваат песна и заигруваат, лирскиот етос на бродвејскиот мјузикл – неговата нарушителна форма што ја одложува стварноста и наизменично го менува начинот – ја изразува геј- желбата и му одговара на тоа што го сакаат геј- мажите далеку повеќе отколку секој што буквално го денотира и го отелотворува гејството. Барем порано беше така.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)