далеку (прил.) - одовде (прил.)

Барај чаре да ме извадиш од ваа дупката и да ме заведиш некаде далеку, далеку одовде, каде никој никогаш нема да ме врате во неа, ниту да ме има друг од тебе. Ете тоа сакам. Разбра сега?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А со оглед на тоа дека во овој роман станува збор за едно езеро и за браните што го загрозуваат животот, може да се помисли на една друга книга, Збогум на Матиора, од Сибирецот Валентин Распутин во кој една руска селска заедница, во советската епоха, мора да го напушти своето родно огниште, зашто во името на индустријализацијата и на одлуката донесена многу далеку одовде, нивниот крај ќе биде потопен.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
— Не е така лесно, не е Толе, како шо мислиш. Софија е далеку одовде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми беше јасно дека анонимен режисер далеку одовде ги предизвикуваше моите емоции и мисли.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
25 но ти не се враќаш само јас се играм и во занес, и во очај зашто ништо нема моќ нема такво време ни таков живот обнова нема близина блага ни блаженство зашто далеку одовде ги нема милите предмети нема реки ни планини нема езера ни миризби и кајшто ги има зашто сѐ е црвен кантарион отсега па натаму лековита но горчлива пресеклива трева, жива лава и сѐ е грешка и нема помирување и другото е друго, трето и сѐ се брои а ти си единствена, неделлива грутка, Младост и мака и мак, и зрнце царевка царска приказна полна пресврти и препознавања делби и разделби неразрешливи заплети - и душата ти е водена низ мрак од незнаење кон знаење, трагично, Аристотеле – зашто некој ја негува уметноста на фугата бегството, селидбата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Видиш! ти за пет лири си добил убава малихерка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По нашите градои, фабрики, села, далеку одовде до Јадранско море, ден нека се слави, Републико мила, глас нека се чуе до небото горе!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)