далеку (прил.) - некаде (прил.)

Во неделите војниците во групи одеа дури далеку некаде назад во шумата, кај некое изворче, правеа прошетки и до манастирот горе во долот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Рубата на која имаа по некоја закрпа ја фрлија далеку некаде во џенем.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Молчеше малку, па воздивна: - Долга историја е тоа. Тој беше војник, служеше во морнарицата, во некој град далеку некаде, што се вика Риека.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Беше тотално отсутна, загледана само во една точка, далеку некаде во небеската шир.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден отворен прозор се слушаат чекори... одат онаму каде што си ти... далеку некаде лутаат да те најдат...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Само далеку некаде имаше една слободна, една голема вода што не можеше да се загради со никаков ѕид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во доцните попладневни часови, далеку некаде зад линијата на хоризонтот, Рада го гледаше невообичаеното преточување на денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)