далеку (прил.) - негде (прил.)

Кога узнав за настанот во дуќанот за сода-вода, многу ѝ се налутив на Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб, снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане...
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Најпрвин само ќе се најави, далеку негде, по сртовите на ридовите; ќе забели како нашите белки во темнината, бавно ќе зрее, ќе дозрева во темнината, а дури потоа, и тоа наеднаш, ќе се истури и помеѓу нас како бел безшумен дожд. И гледаш - осамнало.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Улицата беше пуста и потоната во дремливост, само далеку негде, на крај, кочоперно стоеше на некој оџак ламаринено петле.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но веднаш потоа или со тоа забревта локомотива силно и ѕверски далеку негде а нему му се стори дека е тука, во собата, црна, грдомазна, со јаки железни глуждови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)