далеку (прил.) - напред (прил.)

А сега не можам да те оставам, мислам дека и ти самиот го разбираш тоа во мене, му зборуваше на самјакот пред себе, некаде таму, далеку напред, меѓу дрвјата од таа волшебна снежна шума, зачекорен и вгорен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луѓето, што ги сретнуваа патем, кога ќе ја виделе бомбата искачена на кола, им викнувале Кај ја носите бомбата, будалишта; ќе се убиете сами и други ќе убиете и заостанувале далеку зад нив, или истрчувале далеку напред пред нив, или скршнувале од џадето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во Прилеп, пред касарните на Црвени Брегови, стигнале околку четирите часот попладнето, а од Потковицата излегоа околу десетте изутрина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Втасаа на една падинка. Далеку напред и назад поставија стража и седнаа да се починат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)